Формирањето на новото јавно претпријатие „Кичево Проект“ предизвика реакции на седницата на Советот на Општина Кичево. Приговорите дојдоа од советниците на опозицијата и независните советници по назначувањето на директорката на институцијата, Милена Ѓорѓиоска Димитријеска.
„Сакам повторно да нагласам дека е добро и вие како раководство на Советот да не го поддржувате ова. Тоа ќе биде во интерес на сите граѓани и на албанската заедница. Треба сите да бидат претставени, бидејќи не може само едната страна да ги исполнува условите на меритократијата, а другата страна да не ги исполнува. Затоа не ја поддржувајте оваа точка, потребна е соодветна застапеност“, изјави Илир Рушани , советник на ДУИ.
„Раководителот на ова претпријатие, а потоа и советите како управниот така и надзорниот, не ја претставуваат објективната реалност во нашата општина“, изјави Кујтим Касами, независен советник.
„Исто така и вие, кои ги добивте гласовите врз основа на тоа што бевте заштитници на Албанците, а сега излегува дека сте заштитници на ВМРО-ДПМНЕ, и секогаш кога ние бараме нешто за Албанците, се претставува како да бараме етнички тензии, односно како ние да се обидуваме да шириме тензии“, изјави Хасип Зендели, советник на ДУИ.
Да потсетиме дека во Кичево повеќе од 80% од раководителите на институциите беа сменети по локалните избори, меѓу кои и во Комуналец, Mузеум на Кичево, претпријатието Сушица и други.
