Судот одби владиката Агатангел да сведочи за „шамарите во Центар“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Судот ги отфрли како неосновани барањата на одбраната на судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година, да бидат сослушани како сведоци повеќе лица, меѓу кои и Ивица Коневски, Кирил Божиновски и владиката Агатангел.

Судијата Душко Јосифовски рече дека барањата за дел од материјалните докази се прифатливи, додека денеска изнесените барањата за сведоци се отфрлаат како неосновани, бидејќи не се однесуваат на нови моменти.Случајот го води судијата Душко Јосифовски, а застапник на обвинението е Гаврил Бубевски.

Сослушување на владиката Агатангел, побара и адвокатот по службена должност на Никола Груевски.

Во „Насилство во Општина Центар” обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранечната советничка од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и осум други лица.