Судската администрација најавува штрајк – Деановски: 8 месеци немаме добиено додатоци на плата

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Администраторите во судовите сè уште не ги добиле ноемвриските плати и можно е прекин на работата. Вработените во 4 судови веќе најавија дека ќе ги бојкотираат работните задачи, а од Синдикатот на УПОЗ велат дека нема да ги спречат доколку решат да штрајкуваат. Претседателот на синдикатот, Трпе Деановски, изјави дека станува збор за меѓу 1.400 и 1.600 вработени. Според него, и Независниот синдикат на државната администрација и Независниот синдикат на судската администрација им поднеле барања на Владата и надлежните институции завчера, предупредувајќи на можен штрајк во сите судови доколку не се подобрат материјалните услови и не се реши проблемот со недостигот на кадар.

„Од сите функционери во државата, само судиите имаат храброст—или да кажам поинаку, немаат образ—да ја користат правото од колективниот договор. Тоа значи дека и пратениците, и министрите, директорите, заменик-министрите и премиерот ќе го добијат регресот за годишен одмор, К-15, и не знам кога ќе им биде доста! А ние 8 месеци немаме добиено додатоци на плата и сега зборуваме за фер односи кон судскиот буџет?“, вели Деаноски.