Вардар е нов шампион на Македонија, „црвено-црните“ ја освоија 12. титула

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вардар е нов шампион на Македонија, откако попладнево со победа од 1-0 на гостувањето кај Струга ја обезбеди титулата во Првата македонска фудбалска лига.

„Црвено-црните“ до триумфот стигнаа со раниот гол на Цветковиќ во 5. минута, по што успеаја да ја зачуваат предноста до крајот на натпреварот. Со новите три бода, Вардар ја задржа разликата од шест бодови пред Шкендија и на едно коло пред крајот официјално ја завери шампионската круна.

За Вардар ова е рекордна 12. шампионска титула во домашното првенство и прва по шестгодишна пауза, со што клубот дополнително го зацврсти статусот на најтрофеен во македонскиот фудбал.

Во останатите денешни натпревари, Шкендија на домашен терен ја совлада АП Брера со 2-1, додека Арсими славеше на гостувањето кај Силекс со 1-0.

33 коло ќе биде комплетирано утре со дуелите меѓу Башкими и Македонија ЃП, Шкупи и Работнички, како и Тиквеш против Пелистер.