Супер совет за побрзо да надојде тестото: Фантастичен и едноставен трик кога сте во брзање, нема повеќе да чекате еден час

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Кога ќе го замесите тестото, обично треба да стои на собна температура околу половина час до еден час за да надојде. На популарната социјална мрежа TikTok има видео за едноставен трик кој ќе ви помогне да ги постигнете истите резултати за 5 минути.

Се што треба да направите е да ја доведете водата до вриење и потоа да ја истурите во огноотпорен сад. Садот во кој е покриено тестото ставете го на решетката од рерната, а одоздола ставете го садот со зовриената вода. Рерната треба да се исклучи. Оставете 5-10 минути.

Овој супер трик ќе ви помогне брзо да направите лепчиња или крофни, како и какви било слатки или солени колачи, особено ако вашата кујна е ладна или брзате или едноставно мразите да чекате половина час.