Во вишиот суд во Белград, Србија денеска сведочеше Владимир Кецмановиќ, таткото на детето К.К. кое на 3. мај 2023 година во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, уби 10 лица.
Тој одговараше по тужба на наставничката Татјана Стевановиќ.
Кецмановиќ изјавил дека членовите на семејството знаеле дека тој поседува оружје, но дека истото го чувал во куфери кои служеле за складирање на муниција и оружје.
На прашањето дали го однел синот на стрелиште, тој одговорил дека го однел и му дозволил да пука со воздушна пушка, и тврди дека претседателот на стрелачкиот клуб му дозволил на малиот Коста да пука со мало оружје и дека тој го тренирал, пренесува Б92.
За пукањето, Кецмановиќ кажа:
„Нејасно ми е како мојот син го застрелал својот најдобар другар и учителката која најмногу ја обожаваше, и која му ја пренесе љубовта кон историјата“.
Владимир неколку пати истакнал дека немал никакви знаци дека неговиот син ќе изврши масовно убиство, односно дека не покажувал знаци на насилство или дека нешто не е во ред со него.
Вишиот суд на крајот на минатата година донесе првостепена пресуда во кривичната постапка, со која Владимир Кечмановиќ е осуден на 14 и пол години затвор, Миљана Кечмановиќ на три години, а Немања Маринковиќ, инструкторот на стрелиштето каде малолетникот вежбал стрелање, на 15 месеци затвор.
Владимир и Миљана Кецмановиќ се осудени за кривично дело запуштање и злоупотреба на дете, додека Владимир Кечмановиќ е осуден и за кривично дело тешко дело против општата безбедност.
