Сведоци на нападот во Виена: Видовме лице со автоматско оружје, дивјачки пукаше

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред синагогата во центарот на Виена вечерва имаше пукање и бомбашки напад.

Австриските медиуми јавуваат дека во близина на Шведенплац се слушнале неколку истрели и дека едно лице се разнело со појас со експлозив.

Очевидци за ОРФ изјавија дека напаѓачите имале автоматски пушки.

„Звучеше како експлозија, а потоа сфативме дека пука. Потоа видовме лице како трча по Зајенштетен, кој пукаше со автоматско оружје. Потоа се сврте во правец на Шведенплац. Таму продолжи дивјачки да пука. Потоа пристигна полицијата и пукаа“, рекоа тие.

Очевидци исто така додадоа дека имало најмалку 50 истрели.

Курир известува дека се убиени седум лица, а „Клајн цајтунг“ пишува дека еден од напаѓачите бил убиен. Полицијата трага по останатите напаѓачи.