Општина Свети Николе ја прими донацијата од збратимената општина Пуцонци од Р. Словенија во едно противпожарно возило за ТППЕ Свети Николе, а здравствените работници од Здравствениот дом во Свети Николе добија ЕКГ апарат.
Градоначалникот на Општина Свети Николе Сашо Велковски за МИА вели дека во име на граѓаните на општина Свети Николе им се заблагодариле за несебичната поддршка на нивната општина во времиња кога, како што рече се соочуваме со секојдневни пожари и мерки против КОВИД-19.
– Воедно на пожарникарите од ТППЕ Свети Николе им се доделија новите легитимација за пожарникарство согласно правилникот, вели Велковски.
Во моментов во тек е и изградбата на новиот Противпожарен дом и тренинг центар, а проектот финансиски од 450.000 долари е покриен преку програмата на EUCOM Humanitarian Assistance Program и агенцијата Naval Facilities Engineering Command од САД.
