Свети Николе е ново жариште на коронавирусот во Македонија. Денеска се регистрирани нови 29 случаи на Ковид-19 во овој град, и сега вкупно има 88 случаи, од кои 81 се активни.
Коронавирусот се врати и на територијата на Дебар, каде што денеска се регистрирани 17 случаи. Оваа општина беше една од првите која беше ставена во карантин, односно прогласена како кризна зона. Во моментов во Дебар има 76 активни случаи.
Еден од градовите во кои бројката на новозаразени расте е и Гостивар каде што денеска се регистрирани 23 нови случаи на Ковид-19.
