Светската здравствена организација на денешен ден пред една година прогласи глобална пандемија поради коронавирусот.
„Изразувајќи се поголема загриженост заради растот на инфекции Светската здравствена организација денеска прогласи дека глобалната криза од коронавирус сега прерасна во пандемија“, посочија од СЗО.
Директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејсус тогаш изјави дека СЗО е длабоко загрижен од алармантните нивоа на ширење и сериозноста на епидемијата од коронавирус.
„Затоа направивме проценка дека Ковид-19 може да се карактеризира како пандемија“, рече Тедрос на брифинг во Женева, пренесуваат американските медиуми.
Досега во светот има 118,663,021 случаи на Ковид 19, покажуваат најновите податоци на веб-страницата на Ворлдметерс (Worldometers).
Од вирусот починале 2,632,587 лица, а излекувани се 94,270,748 лица.
