Со коронавирус во моментов се заразени 936.000 луѓе, а починати се околу 47 илјади. Пола од светското население живее под рестриктивни мерки. Во САД бројот на заразени премина 200 илјади, а регистрирани се повеќе од 5.000 жртви.
Бројот на заболени од Ковид-19 во Њујорк драматично расте, а во последните 72 часа бројот порасна за повеќе од двојно, и сега изнесува 1941.
Израелскиот министер за здравство Јаков Лицман и неговата сопруга се заразени со коронавирусот и се наоѓаат во карантин. Лицман во изминатите недели често бил во контакт со премиерот Бењамин Нетанјаху. Прима терапија и се чувствува добро.
Во Германија бројот на заразени порасна на 73.552, а 872 лица починаа.
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот бразилски колега Жаир Болсонаро, телефонски разговарале за заедничко справување со коронавирусот. Разговарале за логистичка и медицинска соработка.
