Светот влегува во нова ера: Денеска инаугурација на Доналд Трамп

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сите погледи денеска ќе бидат вперени кон Вашингтон, САД, каде што ќе се случува инаугурацијата на Доналд Трамп, кој по вторпат оди во Белата куќа.

Инаугурацијата се случува во средината на аспирациите на Трамп 
САД да ја преземат контролата над Гренланд , но и неговите зборови дека  
Канада може да стане дел од САД. Значајна е поддршката што ја добива од шефовите на американските технолошки гиганти , особено од Илон Маск, кој ќе има значително влијание во Вашингтон во следните четири години.

Доаѓањето на Трамп на власт и неговата политика „Америка на прво место“ се исто така клучни за војната во Украина. Останува отворено и прашањето за Блискиот Исток и Кина и Тајван. Аспектот на НАТО е исто така важен, за стабилноста на светот клучен одбранбен сојуз. Во минатото, да потсетиме, Трамп се закануваше со повлекување на Америка од НАТО, што практично би значело крај на Северноатлантскиот договор.

Трамп исто така се очекува на секоја членка на НАТО да издвојуваат 5% од својот БДП за одбраната.

На инуагарацијата ќе присуствува и македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Трамп на изборите во САД ја победи Камала Харис.