Светски ден на книгата – Тетово без ниту една читална

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со поезија и со читање на книги во центарот на Тетово се обележа светскиот ден на книгата. Организаторот на настанот вели дека ова претставува порака до надлежните власти дека Тетово како град со два универзитети, нема нуту една читална

Нашиот град со 2 универзитети, 5 средни училишта, десетици основни училишта, нема ниту еден единствен парк каде можеме да читаме или една читална. Ние денеска праќаме силна порака дека бараме место каде ќе можеме да читаме“, вели Аделина Мустафи.

Од Библиотеката велат дека работат во лоши услови во 200м2. Ѓултен Ајрули вели дека тетовската библиотека е првата библиотека во РСМ со над 6 илјади активни читатели.

Библиотеката брои 6 илјади активни читатели, бројка која е доста голема, зборувам и за детскиот сектор и за секторот на возрасни. Библиотека има 200 м2 но нема читална, ниту неопходни услови“, порача Ѓултен Ајрули.

Поплаки имаат и учениците. Бараат да се смени наставната програма и да се третираат книги со посовремена тематика за читање.

Во книгите што ги имам прочитано во библиотеката наидов на постари теми, а јас како читател мислам дека треба да ги има и посовремените теми кои ние како ученици повеќе сакаме да ги читаме и учиме. Мислам дека треба да се смени начинот на тоа како учениците учат и како наставниците предаваат“, порача Мелиса Зибери.

Инаку, објектот на библиотеката почна да се гради во 2014 година, но се уште не е завршен.