Светски ден на лицата со посебни потреби – Шаќири: Немаме пристап за слободно движење на многу простори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

3 декември е Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Ертан Шакири од организацијата СОС Вита вели дека овие луѓе се запоставени од институциите. Според него, во многу простори лицата со посебни потреби немаат пристап да се движат слободно.

Ертан Шакири: Низ училиштата нема премини, министерството воопшто не се грижи.

-Колку луѓе се такви во Македонија?

Ертан ШакириГи има преку 2000, со различни дијагнози, имаат Даунов синдром, ги има секакви. Но, упатив апел до сите институции, до сите луѓе, барем на овој ден што го имаме еднаш годишно, да не ги заборавиме лицата со посебни потреби.

Пред два дена Васка Бајрамовска Мустафа од канцеларијата на народниот бранител соопшти дека околу 22 факултети немаат евиденција  за бројот на студенти со посебни потреби. Таа се пожали дека студентите се соочуваат со потешкотии и во јавниот превоз и на факултетите кога се во прашање тоалетите и лифтовите.

Инаку министерката за одбрана, Славјанка Петровска по повод светскиот ден на лицата со по9себни потреби најави еден сегмент од новиот закон кој предвидува лицата со посебни потреби да се вработуваат во Министерството за одбрана без јавен конкурс.