Сончево со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде свежо. Во текот на денот на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 18 степени.
