СВР Тетово: Пронајденото тело му припаѓа на Сириец кој бил пријавен како исчезнат минатата година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вчера (16 февруари) околу 11 часот, планинар од тетовско планинарско друштво, кое се движело на тој терен, во СВР Тетово пријавил дека над тетовското село Вејце, на патот кон планинскиот врв Кобилица, забележале безживотно машко тело.

Екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и лекар по судска медицина со хеликоптер на МВР се упатиле на местото и извршиле увид, при што била констатирана смрт без траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било пренесено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.

При увидот, било утврдено дека најверојатно станува збор за 32-годишниот сириски државјанин М.Р., кој поседувал фалсификувани документи на име на друго лице од Шпанија, а кој на 28 декември минатата година во СВР Тетово бил пријавен како исчезнат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: