СЗО: Динамиката на вакцинирање во Европа е неприфатливо бавна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шефот на СЗО за Европа Ханс Клуге, рече дека вакцинацијата во Европа против коронавирус е „неприфатливо бавна“ и изрази загриженост дека доцнењето на испораката на вакцини би можело да ја продолжи пандемијата.

Клуге соопшти дека само 10% од европската популација ја примило првата вакцина, а 4% го завршиле процесот на вакцинација и тој процес треба да се забрза, пред се со зголемување на производството.

Тој рече дека Европа е побавна од Велика Британија и САД не само во нарачките на вакцините, туку и во обезбедување на истите.

„Забрзување на вакцинацијата е од клучно значење“, рече Клуге.