СЗО: Оваа година пандемијата може да биде потешка од претходната

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Филипче: И натаму сме внимателни и покрај пад на бројките, нема мутација на вирусот како оној во В.Британија

Министерот Венко Филипче, денеска на прес-конференција по повод донирање на две амбулантни возила од Општината Чаир на Здравствениот дом...

Членови на македонско-бугарската Историска комисија ќе разговараат за технички прашања

Претставници на бугарско-македонска Заедничка комисија за историски и образовни прашање денеска ќе одржат онлајн состанок на кој треба да...

Колку плата земаат премиерот Заев и министрите во Владата?

На својата официјална веб-страница, Владата ги објави висината на платите на премиерот, вицепремиерите и министрите за изминатиот месец декември 2020...

Белгиски суд донесе одлука дека носењето маска на јавно место е неуставно

Основниот суд во Брисел пресуди дека обврската да се носи маска на јавно место како противепидемиска мерка е неуставна. Ова...

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 34 пациенти, а вкупно се лекуваaт 286 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД -19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 34 нови пациенти поради компликации од корона вирусот....

Втората година од пандемијата на Ковид-19 може да биде потешка од првата, со оглед на брзината на ширење на коронавирусот, особено во северната хемисфера каде што циркулира нов заразен вид, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

– Влегуваме во втората година од пандемијата, што може да биде потешка кога ќе видиме колку брзо се шири ковидот, рече претставникот на СЗО, Мајк Рајан.

СЗО, во најновиот извештај, наведува дека минатата недела се регистрирани околу пет милиони нови случаи на коронавирус.

– По празниците, во некои земји ситуацијата ќе биде многу полоша отколку што ќе се подобри, рече Марија ван Керхове, технички директор на СЗО за Ковид-19.