СЗО воведува мерки на штедење по повлекувањето на САД од организацијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Светската здравствена организација (СЗО) одлучи да го „замрзне“ регрутирањето и значително да ги намали патните трошоци како одговор на повлекувањето на Соединетите Американски Држави од организацијата, која е нејзин најголем финансиски донатор, се наведува во интерната порака до персоналот.

„Како што знаете, Соединетите Американски Држави најавија повлекување од СЗО. Жалиме за оваа одлука и се надеваме дека новата администрација ќе ја преиспита својата позиција“, напиша генералниот директор на СЗО Тедрос Гебрејесус во пораката до вработените, пишува Политико.

Тој нагласи дека одлуката на САД дополнително ја влоши финансиската состојба на организацијата и предизвика значителна загриженост и неизвесност кај вработените.