Со Мендух Тачи, лидерот на ДПА, во „Клик Плус“ на ТВ21 дебатираме на различни теми. Тој ја коментираше сегашната работа на Владата, но даде свој коментар и за опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Тачи кажа дека оваа Влада донесе напредок на државата, додека во опозицијата треба да се сменат многу работи, пред се речникот.
„Важно е, суштински една најстара политичка партија на Албанците да ја поддржи оваа влада, затоа што направи крупни чекори за напредок на дражавата. Ние сме членка на НАТО по заслуга на оваа влада“, вели Тачи и потоа се сврте кон опозицијата:
„Оваа опозиција без да промени речник кон Албанците, и кон многу важни процеси за државата, нема доаѓање на власт“, истакна ТАчи.
