Тачи во #ClickPlus зборува за Мијалков и притворот – „Судски предмети не коментирам, и јас имам еден…“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ДПА Мендух Тачи, вечерва е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Дебатираме на различни теми, а на почетокот го прашавме и за притворот на Сашо Мијалков, со оглед дека Тачи го има во „бомба“ токму со Мијалков.

ТВ21: „Мијалков е во притвор, тој беше ваш пријател барем во онаа бомба, како го оценувате ова тргнување од сцената и неговото лишување од слобода“

„Карактеристично е што тука ти ставаат пријатели кога тоа сакаат. Пријателството значи интерес или заедничка власт. Ние бевме два пати власт со ВМРО-ДПМНЕ, имавме ситуации на добри односи и на катастрофални односи. Имаше 5-6 години кога со ВМРО-ДПМНЕ не зборувавме воопшто. Особено по 2008 година, кога ние напуштивме Влада, и си направија со ДУИ влада, повеќе од пет години немаше контакти.

Што се однесува до притворот на Мијалков, не би можел да коментирам затоа што и јас имам политички процес. Од почеток реков дека додека правото зборува, политиката треба да молчи“, вели Тачи.