Тајна шахта и кражба на електрична енергија во вредност од над 56.000 евра откриени во станбено-деловен објект во Тетово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По претходни контроли во станбено-деловен објект на ул. „Браќа Миладинови“ во Тетово, Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија утврди тешка кражба на електрична енергија, велат во соопштението од Електродистрибуција.

Објектот работел како ресторан, спа центар, фитнес центар и салон за убавина.

Констатирано е:

• Противправно користење на електрична енергија преку специјално изработена подземна шахта.

• Директно неовластено приклучување на нисконапонски кабелски вод.

Преземени мерки:

• Составен е Записник за неовластено користење.

• Поднесена е Пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР според член 235-а од КЗ.

• Изготвена е Фактура за надомест на штета во износ од 3.459.428,00 денари.