Таткото на Мерсиха Смаиловиќ го даде својот потпис за нејзина поддршка: „Ја советувам да биде праведна кон сите“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дојде да ја поддржи својата ќерка како претседателски кандидат. Ова е таткото на Мерсиха Смаиловиќ од Бошњачки демократски сојуз која собира потписи како прва кандидатка за Претседател од бошњачката заедница.

Освен татко ѝ, за да се потпише дојде и сопругот на нејзината тетка, кој рече дека Мерсиха нема потреба од совети.

„Таа е попаметна отколку ние. Не треба да и даваме совети, таа си знае што и како. Мислам дека ќе ја застапува бошњачката заедница како што треба.“, рече Тахир Хасановиќ, роднина на Смаиловиќ.

За 24 часа Мерсиха собрала 523 потписи. Инаку, како што е познато, таа е и граѓански активист. Во својата граѓанска определба, активна е во областа на застапување за човекови права, дискриминација, родова еднаквост, правата на етничките групи.