Талат Џафери повторно избран за претседател на Собранието

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со 62 гласа „ЗА“ и 43 „ПРОТИВ“, Талат Џафери и во следните четири години ќе биде претседател на Собранието.

Џафери кој го водеше законодавниот дом и во изминатите три години, останува како собраниски спикер.

Со тоа заврши конститувната седница за избор на Собранието, а гласањето се одржа после исцрпување на пријавените пратеници за збор.

Опозицијата беше против предлогот, додека СДСМ и ДУИ гласаа ЗА.

Џафери даде и свечена изјава по гласањето.