Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари на денешната прес конференција посочи дека се согласува со министерката за образование и наука Мила Царовска дека наставата треба да започне со физичко присуство.
„Мислам дека треба учениците да одат во училиште, меѓутоа бројките се загрижувачки. Факт е дека бројките се покачуваат и во Германија, Америка, Косово, Албанија и Бугарија, но доколку гледате процентуално во однос на бројот на жители во Македонија тоа е екстремно покачување, затоа можеби треба да размислуваме за одложување 3-4 недели. Можеби некој хибриден начин на одење, еден ден да одат, еден ден не, но тоа нека го кажат експертите и комисијата за заразни болести“, порача Таравари.
