Таравари: Има реални шанси АА да стане дел од Владата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде најави политички интересна 2023 година.

Ова е негово прво појавување откако е изгласан формално за лидер на АА.

реклама

Тој вели дека оваа година е слична на 2016 кога имаше промена на власта.

Таравари како лидер на АА, додаде дека нема конкретни преговори за влез на Алијанса во Владата, но дека има разговори.

реклама

„Постои можност за влез во Владата. Конкретна понуда нема, но ние сме во постојана комуникација. Гледате како е во Собранието. Мислам дека сме 60-60. Собранието не може да создаде мнозинство без помош на Алијансата“, вели Арбен Таравари.

Според него, постои можност Алијанса да биде дел од Владата затоа што тоа го бара меѓународниот фактор, и доколку тоа го бараат и граѓаните, во тој случај Алијанса може да биде дел од Владата.

реклама

„Ако не станеме дел од Владата, тогаш одиме на избори. Нема друго решение. Сепак, приоритет за нас се уставните измени и затоа сме спремни да станеме дел од Владата за да го помогнеме процесот“, додаде Таравари.

реклама
реклама
реклама