Лидерот на Алијанса за Албанците и кандидат за претседател Арбен Таравари гостува вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде дебатираме за последните случувања во партијата.
На прашањето каде и зошто се разминаа со Зијадин Села, Таравари рече дека доста дискусии имале со Села во однос на коалициите.
„Му кажав на Села, ако одиме со ДУИ јас ќе излезам од партијата, а да настапиме сами немам против. Ако настапиме сами и да изгубиме не е некаков проблем, тогаш Таравари ќе даде оставка од претседател и толку. Народот сакаше промена, заедно со ДУИ не е промена“, вели Таравари.
Тој вели дека реалноста е дека ако излегле сами на изборите само ќе му направеле услуга на ДУИ.
„Само здружени со опозицијата може да ги победиме. Кога му се придружив на Села тогаш беше заради тоа да ја донесеме промената, а не да направиме услуга на некого“, порача Таравари.
