Таравари: Не е добро за СДСМ на избори да се на една листа со албанските партии, ќе изгубат многу гласови

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека на следните избори не е добро СДСМ да оди на една листа со албанските партии, и треба да биде самостојна.

Тој вели дека тоа ќе и одземе многу гласови на партијата.

„Албанските партии сите се проевропски, и може да се случи да бидат заедно БЕСА, Алијанса и ДУИ. Со СДСМ не дека не сме го разговарале, но мислам дека е подобро е да си оди сам, ако биде една европска коалиција, ќе и штети на СДСМ, затоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе оди со кампања за Албанците или Македонците. Нам не ни преставува проблем да одиме со иста листа ние Албанците, ако има отворени листи, коалицијата е многу полесна. Но мислам дека СДСМ во таков случај ќе загуби многу“, рече Таравари.