Со отворањето на Уставот и вметнувањето на Бугарите во Уставот, Албанците сакаат да ја искористат оваа можност за укинување на терминот 20% од Уставот и тоа да се замени со зборот Албански јазик.
Лидерот на АА, Арбен Таравари во Клик Плус, изјави дека Алијанса настојува тоа да се направи и дека според него нема причини некој да биде против тоа. Тој додаде дека и ВМРО-ДПМНЕ не е против.
Но лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски зборува нешто сосема друго. Вели дека не разговарале со Таравари конкретно за албанскиот јазик, а повторно го спомна бадентерот и балансерот како услови за укинувањето на 20%.
Според Таравари, во Македонија постојат предрасуди дека доколку зборуваш на албански јазик си националист, а доколку бараш да се избришат 20% тогаш си ултранационалиста.
Инаку и претседателката на работната група за уставни измени пред извесно време изјави дека тоа прашање не е дел од план-програмата на оваа работна група.
