Таравари: Тешко ми е што Алтернатива стана дел од Владата, ќе беше подобро да бевме заедно

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ гостува генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари со кого разговаравме за актуелната политичка состојба.

Тој вели дека му е тешко што нивниот коалициски партнер Алтернатива станала дел од Владата, односно ќе било подобро да биле заедно.

„Жал ми е. Имавме супер соработка со Алтернатива. Ако ме прашате дали ми е тешко што не сме веќе заедно, ќе кажам ДА, тешко ми е. И жал ми е што е така. Ќе беше подобро да бевме заедно, да имавме 12 пратеници и заедно да се бориме да ги симнеме ДУИ од Владата. Но тоа е одлука на Алтернатива. Нека продолжат така. Нека им е со среќа“, истакна Таравари.