Опозициската коалиција ќе ја порази Демократската унија за интеграција (ДУИ) на изборите со минимум два до три пратеници. Вака во дебатниот магазин Клик Плус на ТВ21 изјави лидерот на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари. Според него, последните анкети покажуваат предност во бројот на гласовите и очекуваат ДУИ да замине во опозиција.
-Јас мислам дека ВРЕДИ ќе има неколку пратеници повеќе од ДУИ.
-Некоја бројка што можеме да ја кажеме?
-Не кажувам бројки. Само во ИЕ6 ќе има голема разлика.
-Можете ли овде да ни дадете некоја бројка за да знаеме колку е та голема разлика?
-Воопшто не кажувам бројки, но мислам дека ќе има минимум 2-3 пратеници повеќе…разлика во однос на ДУИ.
Таравари ги откри и понудите што ги добил од ДУИ но и од албанската опозиција.
-Им ставив до знаење дека опцијата за да се оди со ДУИ отпадна. Имаше понуди нормално бидејќи преговаравме.
-Велите сте имале понуди, но какви?
-Слушнете, во раководството кажав. И опозицијата и ДУИ, понудата беше 60-40.
-60-40 за изборни листи или?
-Да, проценти за изборните листи.
Таравари соопшти дека Зијадин Села му побарал да не прифаќа соработка со Движење Беса, но неговиот одговор бил дека нема друго решение бидејќи сами не можат да ја поразат ДУИ. Според Таравари, за ДУИ најдобро би било да премине во опозиција бидејќи, како што вели, треба да се прочистат и да излезат со нови ликови на изборите во 2028.