Таравари: ВМРО-ДПМНЕ треба да ги преиспита своите политики, се оддалечува од граѓаните и од можноста за коалиција со албанските партии

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на општина Гостивар и в.д. лидер на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека ВМРО-ДПМНЕ треба да ги преиспита своите политики.

Според Таравари, тие се оддалечуваат од граѓаните и од можноста за коалиција со албанските партии.

„Сметам дека ВМРО-ДПМНЕ треба да ги преиспита нивните политики. Нивниот “вординг” не одговара на партиите кои се за интеграција на земјата во ЕУ. ВМРО ДПМНЕ прават грешки, и за тоа сметам дека тењба да ги преиспитат нивните политики. Државата треба да тргне напред, и сите да помогнеме пто побрзо да се почнат преговори со ЕУ. ВМРО со иницијативата за референдум направи грешка. Но, прават и други грешки и со тоа се намалува коалицискиот капацитет со албанските партии“, вели Таравари.