Таравари во „Клик Плус“: Постои реална можност до 2028 година Македонија да стане дел од ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Арбен Таравари од коалицијата Вреди, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека постои реална можност Македонија, како дел од пакетот да стане членка на Европската унија, и тоа да се случи во 2028 година.

„Некои велат дека во 2030 година, мислам дека до крајот на мандатот е веројатно некои држави, четири држави од Западен Балкан да станат полноправни членки на Европската унија. Не кажувам со сигурност, но велам дека постои реална можност“, рече Таравари на ТВ21.