Таравари во Количани, жителите инсистираат – „Не дозволуваме поставување на фотоволтаици“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова место во Долно Количани кое жителите го користат за пикник и забава, го продала општина Студеничани на компанијата ПСБ Енерџи за инсталирање на фотоволтаични панели.

Жителите се убедени и инсистираат дека нема да дозволат инвеститорот да продолжи со работа.

Да ја слушне маката на жителите во Количани отиде и Арбен Таравари од коалицијата ВРЕДИ.

Од друга страна градоначалникот на општина Студеничани, Азем Садику вели дека процедурите за продажба и издавањето дозвола се направени согласно законот и додаде дека оваа инвестиција е за доброто на сите.