Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари на својот Фејсбук профил истакна дека во време кога бројот на заразени лица низ цела Македонија го достигнала алармантниот број од 599 заразени лица, тие се горди што во период од 5 дена не е регистриран ниту еден нов случај во Општина Гостивар.
Тој додаде дека сето ова се должи на одличната соработка на жителите и спроведување на упатствата дадени од надлежните институции.
