Таравари за секоја одлука ќе го консултира раководството – Владата подготвува пакет со ресори што ќе ѝ го предложи на АА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Продолжуваат преговорите меѓу Владата и Алијанса за Албанците за евентуалниот влез на партијата во извршната власт. Но, ТВ21 од свои извори дознава дека преговорите се во рана фаза и дека во моментов најголемата дебата се одвива меѓу владините коалициони партнери, односно СДСМ, ДУИ и Алтернатива во однос на тоа која партија ќе ослободи ресори кои би заминале во рацете на Алијанса доколку влезе во Влада.

ТВ21 исто така дознава дека во Владата се подготвуваат пакети кои ќе ѝ бидат предложени на Алијанса за Албанците, која доколку одлучи да му се приклучи на мнозинството ќе може да избере еден од 2-3 пакети кои содржат министерства и управи, а на тој начин ниту преговарачкиот процес не би се одолговлекол.  Меѓу другото се дознава и дека АА најмногу настојува да го земе Министерството за здравство, со кое во моментов раководи Алтернатива, партија која не ја поздрави идејата за влез на АА во Влада, а уште помалку идејата за откажување од министерство, како што е здравство.

Од извори на АА се дознава дека секоја конечна одлука за влез или не во Влада ќе помине низ процес на консултации со членството, односно ќе биде донесена преку еден вид внатрепартиски „референдум“. Неофицијалните информации велат дека викендов в.д. претседателот на АА, Таравари ќе престојува во Тирана каде ќе одржи консултации со тамошните фактори околу тоа дали партијата треба да биде дел од извршната власт.

Утре навршува една недела од средбата меѓу премиерот Ковачевски и в.д. претседателот на Алијанса за Албанците, Таравари, но засега не се открива никаква нова официјална информација. На прашањето – до каде е процесот за влез на АА во Влада, од партијата со кус одговор дека „нема ништо поконкретно“.