Министерот за здравство, Арбен Таравари, во Дајли Клик истакна дека објавен е тендер за комперсори за хируршките сали на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, и дека до крајот на годината сите сали ќе бидат спремни за употреба. Што се однесува до клиниките во другите градови, Таравари верува дека истите ќе можат да дадат дополнителни услуги од актуелните и дека нема да имаат потреба пациентите да ги пратат во Скопје. Доколку е потребно, вели дека ќе одат лекари од Скопје, во другите градови како што се Тетово, Штип, Битола, Струга и Охрид.
„Тетовската, штипската, битолската болница и болниците во Струга и Охрид, можат да дадат многу повеќе услуги отколку што нудат сега. Второ, ќе настојувам тие кои се клинички болници да нудат повеќе здравствени услуги отколку што нудат сега. Тука ќе вклучиме уште една мотивација, ќе ги мотивираме лекарите кои работат во Клничкиот центар Скопје, еднаш или два пати неделно да одат да работат во овие клинички болници“, вели Арбен Таравари.
Примарното здравство функционира релативно добро, вели Таравари, но сепак додава дека има недостиг на кадар во руралните средини. Предлага ординациите кои имаат 2 или 3 матични лекари, еден од нив да оди за прегледи по селата. Ќе бидат финансисики мотивирани.
„Во село каде има сто или двеста жители на ниту еден лекар не му е исплатливо со капитација да оди минус. Значи повеќе прават трошоци отколку што остваруваат добивка од отворањето на ординација, барем да живеат нормален живот. Второ, да направиме фиксна плата која ќе биде прифатлива за лекарот, со што и доколку има сто или двеста жители едно село, независно колку се плаќа за капитација, да има фиксна плата“, порача Арбен Таравари.
Што се однесува до најавениот паркинг во Клинички Центар Мајка Тереза, Таравари извести дека за тоа е дискутирано на владина седница, но новата министерка за финансии побарала време за да видат дали има финансиски импликацци бидејќи ќе биде приватно-јавно партнерство.
