Татко на две парализирани деца бара помош – сопругата починала, тој болен, а ќерката се грижи за сите нив

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Беким и Агим се синовите на семејството Рамадани од скопското село Грчец.
Едниот има 20, а другиот 18 години. И двајцата боледуваат од церебрална парализа. Нивниот татко Енвер вели дека многу тешко му е да се грижи за нив откако му починала сопругата. Додава дека за синовите се грижат ќерките, но и дека и тој е болен и затоа не може да работи.

„Каде и да одиме лекарите ни велат дека децата имаат церебрална парализа. Јас имам уште една желба, да видам може би ќе се излечат, да ги однесам и на едно место.“, вели Енвер Рамадани.

Енвер вели дека нема друго решение освен да побара помош за да се грижи за децата.

„Да ми помогнат, било каква помош ако сакаат, друго решение немам. Две деца не можат да одат воопшто, јас сум болен, ќерката се грижи за сите нас.“, истакна Енвер.

Тој вели дека е примател на пензија која изнесува 9 илјади денари и со тие пари се обидува да се грижи за парализираните деца.
Семејството бара помош од сите хумани луѓе да им подадат рака во овие тешки моменти

Бројот на семејството 070499699
Стопанска Банка Ад Скопје
200001934279611 MKD
Енвер Рамадани