Таткото на министерот за внатрешни работи на Црна Гора побара оставка од синот, а тој брутално му одговори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Данило Шарановиќ, министерот за внатрешни работи на Црна Гора, одговори на повикот на својот татко Славко да поднесе оставка, по трагедијата во Цетиње во која загинаа 12 лица.

Шарановиќ брутално му одговори на својот татко на ова барање.

„Кога сите политички планови и евтини манипулации ќе пропаднат, ќе посегнете по злоуботреба на ситуацијата на еден поранешен член на семејството, со кој веќе со години никој од вас не сака да има некаков контакт, може само најнискиот човечки и криминален талог. Мојата мајка, сестра и јас знаеме што минавме, но нема да правам жртва од себе. Тоа не е во мојот карактер. Ова само дополнително ми помогна да сватам во какво опкружување живееме. Единствено ми е јасно дека постојат луѓе кои никако да го досегнат своето дно. Ова за мене беа беа вистински важни животн лекции, кои ми даваат дополнителен мотив. А вие, само продолжете. Секоја чест!“, напиша Данило.