Тажен ден во Студеничани – погребани 16 жртви од страотната автобуска несреќа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тажен и мрачен ден во Студеничани.

Од оваа општина која се наоѓа на периферија на Скопје се најголемиот број жртви од трагедијата во Бугарија.

Бројни граѓани дојдоа за да им го кажат последното збогум.

На гробиштата во село Студеничани, беа погребани 6 члена на семејството Исени.

Молитвата ја одржа поглаварот на Исламската верска заедница.

По погребувањето на членовите на семејството Исени, на гробиштата во село Моране, жителите се подготвуваа за погребната церемонија на 10 члена на семејството Јахи.

Сите присутни се упатија кон Моране за да ги испратат починатите во вечното почивалиште.

Стари и млади не можеа да ги задржат солзите за нивните најсакани…

Главниот пат беше блокиран од толпата луѓе кои дојдоа да ја споделат болката со семејството Јахи.

Жителите на Студеничани велат дека ова е најтешкиот ден за селото, додавајќи дека не паметат ваква трагедија.