Тажен крај на потрагата по 11-годишното девојчето од Грција: Пронајдено мртво, роднина го признал делото

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Девојчето Василики Николопулу (11) кое исчезне вчера вечерта во 21 часот и 10 минути, денес била пронајдена мртва прободена со нож во вратот, а роднината на девојчето наводно го признал делото.

Девојчето исчезна вчера од областа Миртија во Пиргос, а денес е пронајдено во областа Катарача со убодни рани на вратот.

Исчезнувањето на 11-годишното девојче го пријавила нејзината мајка и издаден е килибарен аларм со предупредување дека се смета дека девојчето е во животна опасност.

За жал, безживотното тело на девојчето е пронајдено денес, а набрзо во полициска станица бил донесен и вујкото на детето, кој на сослушувањето признал дека го убил детето кое со својот автомобил го зел прексиноќа.

Инаку, вујкото и претходно бил обвинет за силување малолетничка, но грчките медиуми не знаат дали е осуден.

„Ми рекоа дека нашле мало девојче, одам да видам дали е мојата ќерка“, вели мајката во разговор за медиумите.