Откако Државната изборна комисија завчера ги одби сите приговори од партиите по објавувањето на резултатите на предвремените парламентарни избори, дел од партиите најавија тужби до Управен суд.
Вчера тужба поднесе коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија. Јове Кекеновски рече дека тужбата во главно се состои поради тоа што на ливчето никаде не стоело името на коалицијата, иако истата била пријавена под тоа име.
Тужби до крај на рокот најавија од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива, Левица и Интегра.
