Техничкиот премиер на Бугарија, Стефан Јанев имаше телефонски разговор со премиерот на Албанија, Еди Рама при што била потврдена престојната посета на албанскиот премиер на Софија, соопшти прес-службата на бугарската влада.
Рама ќе ја посети Софија на 8 и 9 јуни.
Бугарскиот премиер посочи дека комбинацијата на различни национални интереси е таа што го придвижува светот напред и посочи дека посетата на албанскиот премиер на Бугарија ќе се смета за посета на пријател.
