Техниката денеска овозможува се, да не се дозволи Парламентот да не работи, порача премиерот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Може да направат онлајн дебата и работење на Парламентот. Техниката денеска овозможува се и сешто, но да не се дозволи да го стават Парламентот надвор од целиот систем, затоа што ненавремено донеле одлука и тоа ќе донесе сериозни проблеми, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Нагласи, дека демократско право е на секој да одлучува, но апелираше за одговорност и да ги имаат пред себе интересите на граѓаните и смислата за постоење на институциите.

– Во Парламентот веќе три или четири пратеници има со позитивни тестови. Ова го прави големиот проблем, а тоа е столбот на демократијата – Парламентот, да биде ставен надвор од системот и да не работи. Тоа, ќе значи неможност да се носат одлуките, кои што значи плати, социјална помош, поддршка на здравствените работници и слично, изјави Заев.

Посочи дека министерот Венко Филипче, минатата недела дал сугестија Владата да помине на онлајн работење.

– Нема заразен министер или дел од службите што работат во Владата, но преминавме на онлајн работење. Ако има некој заразен, тоа ќе го соопштиме, зошто само така е исправно, изјави Заев.