Тејлор Свифт се врати на сцената

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тејлор Свифт се врати на сцената со концерт во Лондон. Ова е нејзино прво појавување по спречениот напад во Виена и откажаните концерти. 

Американската поп ѕвезда не ги коментираше настаните од изминатата недела или нападот во Саутпорт, во кој загинаа нејзините обожаватели и предизвика бран протести на крајната десница на Островот.

На сцената на преполниот стадион на Вембли, Свифт ги изненади своите фанови пеејќи со друга ѕвезда – Ед Ширан.

90.000 илјади фанови на Тејлор Свифт се собраа да ја видат и да ја поддржат својата омилена пејачка на стадионот Вембли.

Во Лондон се планирани 5 концерти на Свифт, кои минуваат низ вонредни безбедносни мерки.

Засилена е контролата околу приемот на гледачи со билети на стадионот. Навивачите без билети не смеат да се собираат во групи околу Вембли.

Според лондонската полиција, нема индикации дека осуетениот терористички напад во Виена ќе влијае на шоуто. Полицијата соопшти дека ќе продолжи внимателно да ги испитува сите нови потенцијални безбедносни закани.