Телефонски разговор Шекеринска- Каракачанов: Помош од Бугарија во борбата против коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска имаше телефонски разговор со министерот за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов.

Во разговорот бугарскиот колега и честиташе на министерката Шекеринска на членството во НАТО. Министерот Каракачанов најави директна помош од Бугарија во заштитата на нашите граѓани од ширењето на Covid-19, како и можност за користење на нивните капацитети за итни ситуации.

Двајцата министри ја искажаа взаемна поддршка во борбата против пандемијата.