Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во телефонски разговор со претседателот Стево Пендаровски, и уште еднаш посака добродојде на Македонија во НАТО друштвото.
Столтенберг го информираше Пендаровски дека НАТО продолжува да се бори против пандемијата со коронавирусот. Тој повтори дека кон крајот на овој месец со видео врска ќе разговара со министрите за одбрана на членките, за НАТО да даде поддршка за спроведувањето со последиците од пандемијата.
Тој истакна дека сите сојузници погодени во кризата, ќе ги распределат ресурсите со цел да им помогнат на оние кои имаат потреба, вклучувајќи ја и Северна Македонија.
„Ја поздравувам поддршката од неколку сојузници на НАТО кон нашата нова членка Северна Македонија. Ова е сојузничка солидарност која стапи во акција“, рече генералниот секретар на НАТО, Столтенберг.
Во оваа билатерална помош Унгарија обезбеди 100 илјади маски, 5 илјади заштитни костуми за Северна Македонија, а Словенија обезбеди 100 илјади хируршки и 100 илјади заштитни маски.
Преку Холандија, Северна Македонија ќе добие дополнителни тестови за Ковид-19.
Американската амбасада со 1,1 милиони долари ќе ја помогне земјата, а Норвешка донираше медицински материјали во вредност од 180 илјади евра. Во моментов се користи теренската болница од Норвешка, со тоа се зголеми капацитетот на Клиниката за инфективни болести, се вели во соопштението на НАТО.
