Тендерот завршен, семафорите, не – раскрсницата Благоја Тоска и натаму проблематична

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Раскрсницата меѓу булеварот „Благоја Тоска“ и улицата „29 Ноември“ продолжува да претставува опасност за тетовци. И покрај тоа што тендерот е завршен пред 13 месеци, семафорите се уште не се поставени. Од Секторот за патишта и градежно земјиште во Тетово велат дека работите се во тек.

„Доцнењата беа поради повеќе објективни и субјективни причини на операторот и бевме во контакт минатата недела поради возилата. Неделава ни ветија дека целосно го поставиле електронскиот дел и останале само споредните семафорски столбови кои се за пешаци. Овие портали се поставени, што значи дека се бројат како портали, а не како конзоли, главниот дел што крена врева порано. Верувам дека во текот на оваа недела ќе се постават и малите семафорски столбови“, вели Моамет Етеми.

ТВ21 пред неколку месеци забележа дека на оваа раскрсница се поставени стари бандери, додека на тендерот беа објавени нови столбови. Градоначалникот на Тетово Биљал Касами вети дека по завршувањето на работите ќе излезат на терен и ќе извршат увид на работите врз основа на договорот.

„Доколку тие го имаат договорот или ние можеме да го обезбедиме договорот и да им објасниме дека поставувањето на тие семафори е направено врз основа на договорот. Се што е побарано о тендерот се реализира. Ќе излеземе со тендерот и со барањата што ги има, ќе ги провериме и ќе извршиме јавен увид“, порача Биљал Касами.

Според градоначалникот и раководителот на патниот сектор, семафорите ќе треба да бидат завршени за две недели.

 „Следната недела треба да помине и циклусот на времетраење. Не зборуваме дали ќе се постават столбовите или не. Барем така ни ветија“, вели Моамет Етеми.

Со отворањето на булеварот „Благоја Тоска“ оваа раскрсница стана опасна за возилата, бидејќи улицата „29 Ноември“ од приоритетна сообраќајница се претвори во споредна сообраќајница, што доведе до зголемување на бројот на сообраќајни несреќи. Во меѓувреме, Општина Тетово неколку пати ветуваше, од јуни 2024 година до денес, дека семафорите на оваа раскрсница ќе бидат завршени.