Терористи обезглавиле 50 луѓе во Мозамбик

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Терористи обезглавија 50 луѓе во северниот дел на Мозамбик, објавија локалните медиуми.

Група екстремисти, поврзани со ИСИС, отвориле оган врз жителите на неколку села, а потоа преживеаните ги одвеле во фудбалското игралиште во селото Муатиде, каде ги обезглавиле.

Во провинцијата Кабо Делгадо судирите со екстремистичката група траат неколку денови.