Тешка несреќа во Египет: Се судриле два брода на крстарење по Нил, едно лице загина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Патувањето по реката Нил се претвори во кошмар за италијанските туристи кога нивниот крузер се судри со друг крузер на популарната египетска туристичка дестинација Есна.

Властите во Египет веднаш започнале истрага за причината на несреќата и можните виновници, а се сомнева дека имало навигациски грешки по минувањето низ пристаништето Есна.

47-годишната Италијанка Дениз Руџери патувала со својот сопруг и околу 70 други италијански туристи кога два крузера се судриле на реката Нил во близина на градот Есна во неделата.

Силата на ударот целосно го уништила предниот дел на крузерот, како и кабините и собите што се наоѓале на предниот дел од бродот. Меѓу нив била и кабината каде што била Дениз, која починала од тешки повреди на градите здобиени при падот за време на судирот.

Крузерот „Ројал Бо Риваџ“ се судрил со друг крузер околу 19 часот по локално време, соопштија локалните египетски власти. Неколку туристи паднале во водата и биле спасени, додека Дениз била однесена во болница со сериозни повреди и во критична состојба, но починала на интензивна нега поради крварење, потврди полицијата.